Деновиве Пониква конечно под засилено ладење, па снегот кој паѓаше изминативе неколку дена формираше нова снежна покривка од 20 см. Активен е лифтот на помалата патека Стаза 1, каде барем може да се приучите или научите да скијате. Низ центарот работат сите туристички капацитети, а за викендов скоро и да немаше слободно место.

skimacedonia