Италијанските скијачки остварија успех без преседан во Светскиот Куп во Неделата во спуст на влошени услови на патеката во Bad Kleinkirchheim, Австрија.
Sofia Goggia со победничко време од 1min 4sec и Federica Brignone втора за 1.10sec back, а Nadia Fanchini на трето после 1.45sec.
Ова целосно освојување на подиумот следеше после победата на Brignone во Super G претходниот ден за да им даде на италијанките славен викенд во Австрија.
Но патеката беше доста критикувана посебно од страна на американката Lindsey Vonn која се судри со “слабо подготвениот” снег и нерамнините кои ги претворија трките во “родео” како што изјави Вон.
Неделниот спуст беше скратен и стартуваше од исто место како и Super-G претходниот ден но и покрај намалената должина , временската разлика беше голема на крајот помеѓу финалистките.
Goggia, како најосоколена и најспретна во денот ја освои својата трета победа во кариерата од Светскиот Куп. Првите две победи беа лани во спустот и Super-G на патеките во Jeongseon кои ќе се користат на Зимската олимпијада во Pyeongchang.
“Навистина сум среќна со мојот спуст,”. “Никогаш не се знае како ќе биде и едноставно оставам на скиите да лизгаат. Ми дојде преку глава од само завршување на трките и денеска бев најхрабра . Овој стил на Goggia и успеа!”
“Со замрзнувачка кондензација на очилата беше многу тешко и многу захтевно,” рече Goggia, пред да искаже почести на нејзините тимски другарки Nadia Fanchini, која се бореше од серија на незгодни повреди.
“И реков дека е прекрасно остварување рамно на победа , И реков на Nadia ова е твоја победа!'”
Brignone, на која најдобро и одеше во Веле Слалом беше воодушевена од својот успех во брзите натпреварувања викендов.”Навистина сум изненадена, многу изненадена,” вели таа.
На оваа победа тајмингот е извонреден бидејќи Светскиот Куп се сели преку Алпите во Cortina d’Ampezzo на Доломитите наредна недела за два спуста и Super-G трки.
Tina Weirather од Лихтенштајн која заврши пета го презеде првото место во севкупниот пласман во спуст пред Американката Mikaela Shiffrin, која падна неколку позиции бидејќи зема слободен викенд за да тренира. Сепак, Shiffrin останува во водство во генералниот пласман.
Инаку италијанката Sofia Goggia заврши трета на велеслаломот зад лидерот во генералниот поредок на Светскиот Куп Mikaela Shiffrin. Со нетрпение го очекуваме викендов во Кортина на Италијанско тло.
Sofia Goggia од Италија заврши на подиумот и во Крањска гора, и честита на Mikaela Shiffrin од САД за победата.
skimacedonia
