Од шумата информации често гледаме да ги извадиме оние информации што ќе ја оплеменат нашата мисла, ќе направат пат за додадена вредност и квалитет во размислувањето. Во прилог обраќање до јавноста на супер ѕвездата од светот на скијањето, младата Mikaela Shiffrin која испрати новогодишен поздрав и за тоа како го брои квалитетот на своето постоење.
“Ваквиот живот може да биде многу исцрпувачки. Не е секогаш сончево и не е секогаш гламурозно и ретко е совршено.
Но, сето ова и сите часови поминати во теретана, и сите свиоци низ уздолниците, сето тоа вреди кога ќе стапнам на стартната порта и кога ми се враќа насмевката бидејќи знам дека го живеам сонот…
Мора да сум најсреќната девојка на светот:
Како ја мериме годината? Со бројка така ? 1995, 2000, 2018, 2020, 2030 , 3000 ?
Но секогаш ќе има уште една година, уште една бројка.
И таа бројка нема ништо да промени , ќе останат и понатаму сите оние потешкотии и проблеми, страдања, а после сето тоа што го знаеме ќе го снема и пак ќе има уште години – времето ќе продолжи да тече. Па наместо да ја броиме годината со бројка, сакам да ја измерам со моменти.
Животот не би го прикажале како бројот на колку пати сме вдишале туку со моментите кои ни го одземале здивот. “
И затоа сум сигурна дека сум најсреќната девојка на светот…Бидејќи мојата година се состоеше од неброени прекрасни мигови и момети кои ме оставаа постојано без здив.
А заради вас луѓето од мојот тим, моите спонзори , конкуренти, моите фанови , фамилијата, пријателите и мојата љубов, кои го допревте мојот живот на посебен начин со што не можам ни приближно да ви се оддолжам ниту доволно да ја изразам мојата благодарност.
Засекогаш ќе бидам благодарна за сето ова време и целиот напор, страста , љубовта и довербата …како и напорот што сите вие го дадовте со цел да ми помогнете во исполнувањето на моите задачи и реализирањето на моите соништа.
А кога ќе завршам со скијањето, нема да се навратам на мојата кариера преку бројот на победи и рекорди како бројка туку како серија од неверојатни моменти и неверојатни луѓе и сите брендови околу мене кои го чинат ова мое животно патување и ги прават нештата во скијањето да бидат посебни.
Заради вас сите овие жртви, успони и падови се чинат вредни. За сите победи и порази и сето она што е помеѓу, сум многу среќна и благодарна што сме на ова “патување” заедно…
Среќна Нова и наздравје за сите моменти кои допрва треба да дојдат!
Mikaela Shiffrin
skimacedonia

