Lake Louise беше невообичаено тежок за Lindsey Vonn на првиот спуст од Светскиот Куп во сезоната за жени во Петокот.
Нејзината тимска другарка од Американската репрезентација Mikaela Shiffrin успеа многу подобро.
Во водство за пет стотинки, Vonn излета на доглед на самиот финиш на планината Алберта каде што победи 18 пати во Светскиот Куп досега. Успеа сепак да стане и да доскија до целта.
https://youtu.be/8bod27svfc8
Shiffrin, актуелната светска и Олимписка шампионка во слалом, заработи бронзен медал во само третиот спуст во својата кариера.
“Сеуште не сум сигурна кои се моите очекувања во спуст и денеска беше неверојатен ден за мене,” вели Shiffrin.
Cornelia Huetter од Австрија ја доби првата спуст победа во нејзината кариера со време од 1 минута и 48,53 секунди.
Tina Weirather од Liechtenstein беше втора со 1:48.62 и Shiffrin трета со 1:48.83.
Huetter се здоби со повреда на коленото во Јануари што ја оттргна од патеките до крајот на минатата сезона. “Ова е неверојатно,” Huetter изјави. “ова ми е прва трка после повредата, па ова ми е кам бек како што го сонував.”
Vonn падна во заштитните мрежи на последниот завој каде Канаѓанката Marie-Michele Gagnon исто така падна на тренингот во Четвртокот здобивајќи се со посериозна повреда.
На Vonn и требаше време да се извади од мрежите, но на крајот успеа да финишира.
“Како излета ни изгледаше страшен падот па сите сме навистина, навистина среќни дека е во ред таа ” изјави Shiffrin за падот на Vonn.
“Тренираше и беше повеќе помалку во полно здравје и со полн капацитет треба да ги добие овие трки.”
Vonn не даде изјава на медиумите и дури одби да даде автограм со коментарот “одам да му ставам лед на мојот колк.”
Подоцна напиша на твитер: “Па тоа болеше … имав убаво водство целиот спуст, но ја закачив скијата од внатрешна страна.
“Утре ќе бидам мамурна и во болки, но ќе се одмарам вечерва и утре ќе се тркам. Не смее да ме кутне!”
Shiffrin возеше досега само два спуста во Светскиот Куп се до Петокот. И двата беа во Lake Louise во 2016 кога заврши на 13то и 18то место.
Победникот на севкупниот пласман на Светскиот Куп минатата сезона, 22 годишната се смета како наследник на Vonn на светската ски сцена како нова скијачка ѕвезда.
“навистина постигнав напредок во мојот спуст,” вели Shiffrin. “Super-G ми доаѓа малку по природно бидејќи има малку повеќе вртења”.
“Во спустот, секогаш сум изненадена колку време треба за да се стигне до кривина. На ова и работев доста, да се биде по трпелив повеќе.”
Vonn победи дури во 14 спуста и 4 Super-G трки на овој ски центар близу Калгари што на шега го нарекоа “Lake Lindsey.” 33-годишната скијачка само лани не можеше да настапи на својата омилена стаза заради скршена рака.
Словенката Ilka Stuhec победи на двата спуста во Lake Louise лани во отсуство на Vonn’s.
Актуелната женска светска шампионка во спуст не се врати да ја одбрани титулата бидејќи Stuhec ги искина лигаментите на коленото на еден тренинг во Октомври.
Беше подобро да се стартува порано во Петокот , како предност за тие со помал стартен број бидејќи подоцна се засили снегот и видливоста се намалуваше попладнето.
“Кога ќе погледнеш надолу од стартот ќе си кажеш ‘ох боже па ништо не се гледа,” Weirather вели. “Додека скијавме беше всушност подобро бидејќи бевме во шума и имаше контраст.”
Последниот завој беше проблематичен за неколку скијачки вклучително и Weirather, која се лизна излегувајќи од свијокот.
“Тоа ме чинеше победа,” вели таа. “штета бидејќи навистина бев блиску и немаше да ми биде прва победа тука.”
Lake Louise (CAN) Ladies’ Downhill, 1 December 2017
| Rank | Bib | Name | Tot. Time | Diff. Time | WC Points |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 15 | HUETTER Cornelia | 1:48.53 | 100 | |
| 2 | 13 | WEIRATHER Tina | 1:48.62 | 80 | |
| 3 | 10 | SHIFFRIN Mikaela | 1:48.83 | 60 | |
| 4 | 6 | FANCHINI Elena | 1:49.17 | 50 | |
| 5 | 4 | WILES Jacqueline | 1:49.28 | 45 | |
| 6 | 7 | GOGGIA Sofia | 1:49.29 | 40 |
Lake Louise (CAN) Ladies’ Downhill, 2 December 2017
| Rank | Bib | Name | Tot. Time | Diff. Time | WC Points |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 8 | SHIFFRIN Mikaela | 1:27.55 | 100 | |
| 2 | 7 | REBENSBURG Viktoria | 1:27.68 | 80 | |
| 3 | 27 | GISIN Michelle | 1:27.72 | 60 | |
| 4 | 19 | HUETTER Cornelia | 1:27.74 | 50 | |
| 5 | 15 | WEIRATHER Tina | 1:27.86 | 45 |
skimacedonia

