Германскиот знаменосец во натпреварите од Светскиот куп во Алпско скијање, Felix Neureuther при грешка на тренингот падна и го повреди коленото. Сериозната повреда со која се здоби ќе го оддалечи од натпреварите, а секако и од предстојната олимпијада која многумина од натпреварувачите со нетрпение ја очекуваат. Neureuther пред повредата победи на првата трка во фински Леви, а деновиве наместо трки низ северно американскиот континент, го чекаат операции на домашен терен во Германија.
skimacedonia
