Јога на Бистра планина

22519144_joga na planina

Healthy YOGA организира, следи го настанот

Јога на Бистра планина !
Продолжен викенд во ДЕКЕМВРИ

За 2 ноќевања со доручек и учество на работилниците цената е 2610 мкд за уплати до 16.11.2017 (2.900 е вкупна цена)
За 3 ноќевања со доручек и учество на работилниците цената е 3.600 мкд за уплати до 16.11.2017 (3.900 е вкупна цена)
*Повеќе информации на крајот на овој текст

Овој модерен и современ свет негативно влијае врз нашата природна витална енергија, врз здравјето и долговечноста. Зошто тогаш, се повеќе и повеќе се чувствуваме уморни, од една страна, а од друга имаме се што можеме да посакаме во нашите домови. Дополнително на тоа нашето слободно време го трошиме на компјутер, на лап топ, на телефон, пред ТВ а пак после сето тоа се повеќе и повеќе сме уморни. Зошто е тоа така? Највероватно затоа што овие уреди не ни ја надополнуваат енергијата, тука ни ја одземаат! Колку повеке сме опкружени со електромагнетни полиња од сите уреди околу нас толку помалку ќе имаме енергија. Денес речиси сите работни места вклучуваат компјутери и присуство на мобилен телефони па со сето тоа околу вас, нормално е што се чувствувате уморно. Всушност тоа не е нормално !

Каде се наоѓа енергијата- праната околу нас?

На физичко ниво во нашиот мозок се наоѓа хупоталамусот кој е одговорен за нашето дишење, оксидацијата-размената на кислородот помеѓу белите дробови и крвта, и циркулација на крвта низ нашето тело. Колку повеке кислород во крвта имаме, степенот на нашата витална енергија е повисок. Колку повеке сме на места каде што има чист воздух и кислород повеќе овозможуваме апсорбција на оваа енергија во нашето тело и чувството на умор, тапост, мрзливост и напнатост или стрес исчезнува.

Животна енергија или прана најмногу ја има во природата и тоа особено на планина или во шума. Со посета на вакви места ние си овозможуваме нова свежа енергија, да влезе во нас и да преку процесот на дишење, се почувствуваме одморени, балансирани и полни со енергија. Постојат повеке начини како можете да ја подигнете вашата витална енергија (прана) во вашето тело, Healthy Yoga ви нуди можност за почеток да дојдете на еден продолжен викенд во Декември, во Маврово и да заедно:

– Се изложиме на сонце, на месечина и на свеж воздух бидејки тоа ќе ни го зголеми нивото на прана,
– Вежбаме лесни јога вежби и практикуваме техники за дишење за да ја зголемат енергијата во телото
– Да пешачиме на лесни планинарски тури со што ќе го успориме нашиот ум и зголемиме апсорпцијата на прана во нашето тело
– Да вежбаме медитација која ни го зголемува нивото на прана во тело а со тоа ќе ви донесе леснотија, внатрешен мир и мирна свест која ке му биде од корист во секој апсект во вашиот живот.

Дата: 8-10 Декември 2017

Место: Приватна вила Јелена (во двокреветни, трикреветни и четрикреветни соби) Во ноќевањето е вклучено доручек на база шветска маса. Собите имаат за користење своја кујна обезбедена со основни средства за готвење на храна за оние кои што сакаат да готват.
Заедничките активности ќе се прават во голем и топол простор ресторан “Кристијан” кој се наоѓа до самиот објект, кој наутро ќе биде прилагоден за јога вежбање а вечерта за медитација и групни активности и комплетно адаптиран за нашите потреби.

Кафе чај и овошје е вклучено во семинарот.

Програма: Јога вежби, Медитација, лесни планинарски тури, тим билдинг и работа на себе.

Превозот не е вклучен во цената.

Услов за реализација на семинарот е група од 15 лица

1 опција
Семинар 3 дена петок до недела со 2 ноќевања:
Цена на аранжамот 2.900 мкд
За уплати до 16.11.2017 попуст 10 % или цената е 2.610 мкд

2 опција
Семинар 4 дена четврток до недела со 3 ноќевања:
Цена на аранжамот 3.900 мкд
За уплати до 16.11.2017 попуст 10 % или цената е 3.600 мкд

Семинарот ке го води
Билјана Пешева
Јога инструктор и професионален обучувач на возрасни
www.healthylifeskills.mk

Контакт и информации:
Сања 070 204 477

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки