Ви ги претставуваме новите модели од добро познатиот бренд на нашиот пазар, планинарските чевли Planika, високогорски Planika Jalovec, машкиот и женскиот модел. На почетокот од годинава, женскиот модел беше на ексклузивен тест, а за новата сезона 2017/2018 почна да се продава во Македонија.
Planika моделите Jalovec Man и Jalovec Lady, се наменети за класични планинарски еднодневни или повеќедневни тури, како и захтевни алпинистичко-планинарски искачувања. Можеби се едни од планинарските чевли кои влегуваат во зоната на best buy во однос на цена и перформанси. Испорачуваат крајно висок квалитет, а имаат прилично атрактивна цена.
Доколку сте еден/а од оние кои сакаат да ги крстосуваат балканските планини и алпската зона низ Европа, моделите Planika Mangart и Planika Jalovec се повеќе од добра инвестиција.
Дизајнирани за удобност при долги пешачења, а од друга страна обезбедуваат соодветно совладување на комплексен терен и подлоги. Ги карактеризира исклучително квалитетни материјали, заштитна странична гума, лесни се, тежат околу 760-780 грама и обезбедуваат топлина и на температури од -20°C, а дополнително на нив може да се прикачат и дерези за движење на заледен терен и снег.
Опремени се со air tex целосно водо-отпорен материјал, кој овозможува дишење на стапалото и намалување на потењето во внатрешноста, а отпорна на надворешни влијанија, вода и студ. Располагаат со vibram ѓон и подлога со зголемена отпорност на пролизгување,заштитна гума, добра топлинска изолација, Planika air system за вентилација преку јазикот на чевлите. Ги препорачуваме за сите високо-горски планинарски тури и сезони, пред се доцна есен-зима. Зависно од вашите потреби и амбиент носете ги со еден пар анатомски спортски чорапи како би избегнале триење на стапалото, а во зимски студени услови, задолжително со удобни термо чорапи. Доколку планирате подолг престој во текот на денот на снег и дожд, потребно е чевлите најпрвин да се испрскаат со спреј за импрегнација на материјалот.
Овие модели веќе пристигнаа и можете да ги погледнете во продавниците на Пеко низ Македонија. Planika има широка палета на планинарски чевли и патики. Контакт продавници