Покрај илјадниците ски клипови, овој краток филм изработен по иницијатива на Милорад Саздовски, можеби е првиот краток македонски документарен филм за фрирајд скијањето овде на овие простори. Адреналинот, пејсажите, дивината, енергијата и возењата кои не се опишуваат се мотивите за овој краток филм снимен низ дивите предели на Шар Планина и живот поврзан со таа голема планина. Меѓу целата оваа група на скијачи и бордери е и украинскиот амбасадор во Македонија, кој безрезервно ги ужива и поддржува убавините на македонските планини.
skimacedonia
