Легендата на американското, а секако и алпско скијање, четириесет годишниот Боде Милер официјално ја завршува својата богата кариера. Тој објави дека повеќе нема сили да се натпреварува и официјално ја завршува кариерата.
„Кариерата ми беше долга и повеќе немам снага и желба за натпреварување“ изјави Милер.
Милер оствари 33 победи во сите пет дисциплини. Светскиот куп го освои два пати, четири пати беше светски првак, а има и едно олимписко злато.
skimacedonia
