Започнуваат натпреварите од Светскиот куп во Алпско скијање

soelden_worldcup

Овој викенд започнува новата натпреварувачка сезона 2017/2018 од Светскиот куп во Алпско скијање, каде еден против друг ќе ги соочат своите времиња најбрзите, најагилните , најспремните скијачи во светот на алпските ски дисциплини. Стартот е во традиционалниот австриски Sölden, кој веќе деновиве помина на инспекција околу спремноста на патеката и нивото на квалитет. Поставувачи на патеката се Jacques Théolier за првото и Albert Doppelhofer за второто возење.

Во сабота на 28 октомври жените скијаат велеслалом, а мажите во истата дисциплина се во недела 29 октомври. Трките се закажани од 10:00 и 13:00 , а сите љубители на снегот, зимските пејсажи и белите спортовите натпреварите ќе може да ги следат на Eurosport каналот или секако во живо на лице место.

Илка Штукец девојката која покажа висок квалитет минатата сезона, сезона во која стана и  шампион во категоријата спуст, минатата недела на тренинг во Pitztal го повреди коленото и постои можност да биде отсутна во поголем дел од новата сезона.

патеката во Sölden
Антонио Ристевски, Sölden

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки