Деновие сателитските снимки на НАСА уловија 8000 км долга атмосферска река која се протега од Кина до бреговите на Британска Колумбија во Северна Америка. Некои локални метеоролози изјавуваат дека повеќе од 48 години додека ги следеле сите овие метеоролошки појави не виделе вака масивна “атмосферска река” која се очекува добро да ги наполни и оснежи ски центрите во таа зона. Според метео станиците се очекува да наврнат од 70 до 200 см снег до викендот 21-22 октомври.
skimacedonia

