ЕХО Фестивалот на планински филм организира конкурс за најдобро кратко видео

video_konkurs_eho2017-02

ЕХО Фестивалот на планински филм заедно со Prosport Skopje повторно организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на 8-мото фестивалско издание кое ќе се одржи од 24-27 октомври 2017.

Потребно е вашиот веќе снимен материјал или она што сега ќе го снимите во рамки на рокот да го истурите во програма за монтирaње (постојат многу бесплатно и лесно достапни програми за монтирање видео), да смислете приказна односно сценарио и да следите претходно замислен тек, да смислите наслов, вовед и одјава на материјалот, посолете и мешајте со музика, може по избор да се додаде и малку текст или снимен говор во зависност од вкусот кој го имате.
Да се сервира во форма на краток филм/видео од 1 минута па се до 5 минути за големи и гладни гурмани, количината кај овој специјалитет не е важна, туку содржината и квалитетот на сервираното.

Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 15ти октомври 2017 година.

Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери а од страна на официјалното жири ќе биде прогласен победникот.

Фестивалот ЕХО не е обврзан да ги прикаже сите видеа.
Prosport Skopje се погрижи и овој пат победникот да си отиде дома со една нова камера GoPRO. Моделот на камерата ќе биде дополнително објавен.

Пријавување и повеќе информации на videokonkurs@ehofilmfest.mk

Конкурирање:
Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: videokonkurs@ehofilmfest.mk

Апликација:
Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот – и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, googledrive..

Тек на конкурсот:
Од сите апликации ќе се одберат најдобрите и тие ќе бидат проектирани за време на фестивалот. Од нив официјалното жири на фестивалот ЕХО ќе го прогласи победникот.

Забелешка:
Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, бесплатно да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки