Kilian Jornet протестираше гол на Монт Блан заради одлуката на надлежните да го ограничат пристапот кон врвот, само на лица кои се соодветно опремени и заштитени за искачување. Kilian прокоментира дека “не е до опремата, туку до искуството”.
Во пораст е ефектот наречен “Kilian Jornet” каде планинарите се обидуваат со поредуцирана опрема или речиси без опрема да го искачат врвот Монт Блан во стилот на Kilian , но тоа доведе до зголемени интервенции на спасивачките служби. Инаку , Kilian Jornet се бави со планиско трчање или брзинско искачување како понов тренд во однос на класичното планинарење, а неодамна постави брзински рекорд во искачување на Еверест.
Во контекст на ова можеби протестот и не му е на место, имајќи го во предвид токму фактот дека како еден од најдобрите во тоа што го прави го следат многумина, па подобро би било да остави некој паметен совет и да спаси некоја возбудена глава која кинисала да го копира, наспроти моментот да трча гол по Монт Блан, сепак не се сите Kilian Jornet.
skimacedonia
