То је то, минатиов викенд, саботата на 05.08.2017 Александар Кирковски (ПК Македон) успеа да го искачи и симне највисокиот врв на Алпите – Монт Блан 4810м за импресивни 6 часа и 26 минути.
Одличните резултати во зоната на брзински високогорски искачувања за Кирковски продолжуваат со уште едно сериозно време реализирано на Монт Блан. Кирковски успеа да го искачи и симне Монт Блан по стандардната француска рута за 6 часа и 26 минути – рута која вообичаено се качува 2 до 3 дена.
Стартот на искачувањето беше од последната станица на трамвајот Мон Блан – Нид д’ Аигле 2372 мнв каде најпрво се движи до планинарскиот дом Тет Рус 3167 мнв, па следи искачувањето на монбланската стена која се одликува со значителна стрмнина до домот Де Гутје 3815 мнв. Рутата продолжува по глечер до заклонот Валот на 4362 мнв, а понатаму се пристапува кон сртот за врвот Мон Блан 4810 м највисокиот на Алпите.
Кирковски успеа да го искачи врвот за 4 часа и 8 минути и да се спушти за 2 часа и 18 минути. Ова претставува кумулативно време кое ги вклучува и паузите за освежување и логистика.
Пред домот Де Гуте, на отприлика половина рута, Александар имаше една логистичка поддршка од Игор Јовановски од ПСД Макпетрол кој го снабди со потребната дополнителна опрема и течности.
Втор посериозен резултат на Кирковски по Ред Фокс Елбрус трката, каде успеа да го искачи Елбрус 5642 мнв за 5 часа и 35 минути со што го постави и најдоброто време од еден наш планинар.
Искачувањето е дел од програмата на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија, а подвигот, Александар и Игор го посветуваат на големиот пријател на планината кој прерано замина – Филип Чакаров.
ГПС Запис
https://connect.garmin.com/modern/activity/1897403107
технички извор: karas4training