Добро е понекогаш да одмориме со малку поезија
Внатрешни планини
Внатре има стотици планини.
И безброј патеки со неразгазен
снег. И сртови со незаборавни
глетки. Има и скришни ливади
со диви јагоди. И цвеќиња што
сѐ уште никој не ги именувал.
Во нас течат водопади. Птици
без скици прават нови гнезда.
Има и сончевини и ладовини.
Во нас има неоткриени планини.
Чекаат од грижи да здивнеме
и нагоре пак да се вивнеме.
Превземено од Окно, Секој ден песна
skimacedonia

