Државно првенство во едрење
Според годишниот регатен календар во организација на Едриличарската федерација на Македонија – ЕФМ (facebook.com/macedoniansailing) и ЕК Снегар – Струга (facebook.com/SailingSnegarStruga) се одржа критериумско државно младинско едриличарско првенство во класите Оптимист, Ласер 4.7 и ревијално учество во кадет 470ка.
Своите едриличарски способности, едриличарите од струшките и охридските клубови ги покажаа на регатното поле пред Градска Плажа во Струга. Поволниот ветер од просечно 7 чвора овозможи да се заокружи бодовниот циклус за рангирање, при што со најдобар пласман последователно завршија следниве едриличари:
Ласер 4.7
1во место Илија Јовчески
2ро место Дамјан Поп Стефанија
Оптимист
1во место Стефан Негриески
2ро место Мерт Лушо
3то место Софија Ставрева
Ревијално учество во атрактивната класа 470ка забележија Иво Илинчев, Илче Грунче, Јана Гаџоска и Јана Наумоска.
Голема благодарност до помагателите за овој настан. Високото ниво на организација на стручниот професионален тим на ЕК Снегар – Струга и ЕФМ за ваков тип на регатни настани и талентираноста на учесниците уште еднаш потврди за капацитетите кои Македонија ги има за остварување континуитет во спортското едрење, и претставува дополнителен мотив плус и апел за вложување во овој спорт.
skimacedonia

