#ПочниСоВодно

Vodno view (7)
skimacedonia ©

Следи го настанот 

Guardians of Naturе
I love hiking – group Macedonia ве повикува на четврточна дружба на Водно.
Секој четврток после работа одиме малку да се рекреираме на Водно. Иницијативата #ПочниСоВодно е создадена за сите оние кои сакаат да се дружат, да ја подигнат својата форма, да изгубат по некое килце и да влезат во “другиот свет” со нас. Ви нудиме една поинаква “афтерворк” забава на која запознавате нови луѓе, добивате корисни совети за вашата исхрана и за подобрување на физичката кондицијата, како и насоки за сите следни тури.
“Тренингот по Водно се познава” e нашето прашање кон вас секогаш кога сакате да дојдете првпат на тура. 😀
Не седете и не чекајте тура погодна за вас. Дојдте, влезете во добра форма и подгответе се за секоја убава тура која следува на нашите планини, но и на планините надвор од државава.
Започни со Водно! Стартувај и не застанувај!

Сѐ што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот кај полициската станица под Водно. Понеси си ранец во кој ќе имаш 1л вода, шушкавец или тенка јакна и горен дел (маица/блуза) за да се пресоблечеш на врв. Секако, да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка. Пожелно е челна ламба или какво било светло кое ќе ти го осветлува патот.
И тоа е сѐ. За сѐ друго ќе се погрижиме ние.
Се дружиме секој четврток на Водно додека имаме убаво време или до почетокот на есенските дождови 😉

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 1 л.
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

002-planika-banner

Vodno view (4)
skimacedonia ©
Vodno view (5)
skimacedonia ©

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки