Еднодневна акција на врвот Љуботен

ljuboten-livadicko-oktomvri (8)

Следи го настанот

ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на врвот Љуботен, 2499 м.н.в.
понеделник, 1 мај 2017

Отворањето на пролетната планинарска сезона го
започнуваме празнично, на први мај со, за многумина, омилениот врв Љуботен. Турата започнува од с. Старо село (900м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом Љуботен. Првата кратка пауза е кај домот по 1,5 часа пешачење по макадам (земјен пат), од каде се продолжува до врвот.

Турата не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел и искачување на врвот. Учесници можат да бидат планинари/ки, рекреативци и ентузијасти кои имаат доволно кондиција и физичка спремностда се искачат барем до домот. Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Од опрема задолжително да се понесат солидни зимски планинарски обувки (се уште има остатоци од снег), капа, ракавици и јакна/кабаница поради можност од променливо време, а од храна лесна храна/овошје. Вода може да се наполни во Старо село и во домот.

Поаѓањето е во понеделник на 1 мај 2017 во 6,30 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село.

Пријавувањето e задолжително по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до сабота 29 април 2017. Резервацијата на место е исклучиво со уплаќање. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 450 денари.

* * *
Секој учесник се пријавува на своја одговорност и гарантира за својата подготвеност да ја изведе турата. Турата е водена од лиценцираин планинарски водичи. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена или откажување на турата поради различни причини.

Shar planina Ljuboten

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки