Спасување од Еверест – Документарен серијал на Discovery

everest-header„Спасување од Еверест“ веќе започна да се прикажува на каналот Discovery  во вторниците во 22 часот, започнувајќи од 11 април.

Пилотите кои спасуваат животи на врвот на светот

Две години по страшниот потрес во Непал кој однесе илјадници животи, а беше и причина за лавината на Еверест во која загинаа 22 луѓе, искачувачите повторно се вратија на највисоката планина на светот. Храбрите пилоти на хеликоптери кои тогаш се обидоа да спасуваат, работеа на оживување на погоденото подрачје и сега се враќаат повторно во спасувачка акција. За нив е снимен серијалот  „Спасување од Еверест“ кој на Дискавери ќе се прикажува во вторниците во 22 часот, започнувајќи од 11 април.

Минатата сезона, во придружба на Шерпи, стотина планинари и авантуристи се обидоа да го освојат Еверест. Тоа е опасен, тежок и потенцијално смртоносен потфат. Со тенката линија меѓу животот и смртта, судбината и на најискусните планинари и Шерпи е оставена во рацете на неколкуте пилоти на хеликоптери. До крајот на минатата сезона забележани се неколку стотини повици за помош. Одговорот на тие повици не е само еден од најопасните работи на светот, туку истовремено остава и неопислива емоционална трага во животот на пилотите.

 

Факти за Еверест:

  • Непал е копнена земја во јужна Азија на чија северна страна се протега хималајскиот планински масив кој е дом на 8 од 10 највисоки планини во светот.
  • Со висина од 8848 метри, Монт Еверест е највисоката планина на светот. Секоја година на пролет, стотина луѓе од целиот свет одат во Непал со надеж дека успешно ќе се искачат и ќе застанат на врвот на светот.
  • Сер Едмунд Хилари и непалскиот шерпа Танзинг Норгеј први се искачуваат на Еверест во 1953 година.
  • Монт Еверест се наоѓа во подрачјето викано Кумбу и е окружен со многу други планини и врвови. Секоја година илјадници планинари одат во Непал за да ги истражат сите подрачја на Хималаите.
  • На јужните падини на Еверест е и големиот ледопад Кумбу. Единствен начин да стигнете до врвот на јужната страна е да се искачите преку овој леден слап. Кумбу се состои од големи блокови лед и постојано се движи и менува. Не случајно овој предел е познат како „најопасните 1,6 километри на светот“.
  • Во 2014 година 16 Шерпи го загубија животот додека ги поправаа јажињата на Кумбу. Како знак на почит во таа сезона се откажани сите искачувања на Еверест.
  • Во 2015 година, земјотрес од 7,8 степени по Рихтеровата скала го уништи Непал усмртувајќи околу 9000 луѓе. Потресот покрена голема лавина на Еверест кој во базниот логор усмрти 19 луѓе.

 where-is-mount-everest

Искачување на Еверест

  • Заради висината на Еверест, сите алпинисти мора да се аклиматизираат за нивните тела се привикнат на недостатокот на кислород на големи надморски височини. Постапката вклучува аклиматизација со постепено искачување во траење од неколку денови или недели.
  • Секоја експедиција има сопствен план и програма, но воглавно сите следат слична процедура.
  • Тимовите летаат од Катманду до Лукла (2880 метри) со мал авион или хеликоптер. Потоа започнува десетдневното искачување до базниот камп на Еверест (5360 метри) Одат во просек по 5 часа дневно. Оддалеченоста од Ликле до базниот камп е 64 километри и ги дели висинска разлика од 2480 метри. Искачувањето трае 10 дена бидејќи на човечкиот организам му е потребно време за височинско прилагодување.
  • Откога ќе стигнат во базниот камп, започнува процесот на ротација. Тоа подразбира искачување до кампот Еден и Два каде ја поминуваат ноќта, а потоа повторно се враќаат во базниот камп. Со секоја ротација се искачуваат до поголема надморска височина додека не тргнат до освојување на врвот.
  • Секогаш кога доаѓа до ротација, алпинистите и нивните водичи мора да преминат преку ледениот слап, што е многу опасно. Преку Кумба се искачуваат ноќе, кога е најладно, за да се намали ризикот од паѓање на ледените блокови. Некои експедиции ги користат другите околни врвови за да ги аклиматизираат искачувачите и на тој начин го ограничуваат времето поминато на Кумбу.
  • Од првото освојување на врвот во 1953 година, во обидот да го освојат врвот загинале 287 луѓе. Поголемиот дел од нив го губат животот од падови, лавини или висински болести.
  • Недостатокот од кислород на големите висини може да предизвика собирање на вода во градите или во мозокот.

Еверест- Сезона 2016 

Издадени се вкупно 289 дозволи за алпинисти, заедно со повеќе од 350 Шерпи кои ги следат.

  • Хеликоптерите смеат да летаат само до базниот камп, а подалеку од тоа смеат само кога има спасувачка мисија. Вкупно се забележани 150 лета до базните кампови.
  • За прв пат во историјата, непалската влада доделува посебни дозволи за хеликоптери, со која добиваат дозвола за летови до кампот Еден и да доставуваат опрема за искачување. Пилотите Џејсон и Сидарта ја водат оваа мисија, чија цел е да го намалат бројот на искачувања на Шерпите во зоната на ледопадот Кумбу.
  • Пилотите на Еверест управуваат со Б3 хеликоптери кои се познати по одличните перформанси на големи надморски височини. Тиме можат да летаат до висина од 7 километри.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки