Иако снегот потворно се врати, ски центрите од регионот последните денови на работа ги имаа изминатиов празничен викенд. Како што објавија, влегуваат во фаза на проверки и ремонт и повторна реактивација на дел од жичниците во текот на летото.
Државната компанија Скијалишта Србија која стопанисува со Копаоник, Стара Планина и Торник се пофалија со 24% поголема продажба на ски карти од претходната сезона, а дури 20% повеќе од планираното. Успешни резултати прокнижија и бугарските центри Банско и Боровец.
Македонските центри традиционално се на маргините на секаков вид случување и не се прокнижува ништо друго освен лоши резултати, политики од дневен менаџмент и ниско ниво на инвестиции пред се од страна на државата.

skimacedonia