Со изборот на нов претседател, управен одбор, скијачкиот клуб Пелистер го означи својот нов почеток и нова сезона во која битолчани ќе бидат активни во повеќе возрасни категории.
Новиот претседател Наум Симјановски, верува дека има основа со добра организација да се врати стариот сјај на клубот кој со децении беше референца во нашата земја и пошироко. Клуб кој низ годините на своето постоење дал многу државни шампиони, олимпијци и квалитетни спортисти. Нико Гемту, еден од прославените скијачи го пофали изборот на новото раководство и ентизијазмот кој го донесоа најмладите на патеката крај Ниже Поле.
Прилог на ТВ Тера – Битола
skimacedonia

