Отворена еднодневна акција на Остри врв

ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на Караџица со Остри врв 2340 м.н.в.
САБОТА, 15 октомври 2016
ostri
Продолжуваме со есенската хајкинг сезона со уште еден популарен врв (можеби два), овој пат на Караџица, и овој пат во сабота.

Турата започнува од с. Патишка река (1243 м.н.в) од каде се одвојува макадам, а искачувањето продлжува низ шумски предел. Преку шумата се упатуваме кон бачилото од каде започнува искачувањето кон врвот Остри врв и е во траење од 4-5 часа (во зависност од спремноста на групата). Во зависност од групата, условите и времето, турата може да се изведе и со искачување и на врвот Убава, па по друг пат кружно да се спуштиме кон Патишка река.

Турата е средно тешка (првиот дел е по макадам), но сепак бара доволно подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради променливо време, а од храна лесна храна/овошје. По патот ќе се изведуваат кратки паузи (вода има на едно место) и поголема пауза кај бачилото, од каде се продолжува кон врвот.

Поаѓањето е во 6,00 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Патишка река. Бројот на местата се ограничени. Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до пето 14 октомври 2016. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 450 денари.

Karadzica vrv ubava ostri vrv (4)

* * *
Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки