Под водство на домаќините, Илина Арсова и Димитар Попов, планинари и љубители на фрирајд скијањето, беше реализирана корабската епизода од серијалот документарци за планините на Балканот, Врхови Балкана (Vrhovi Balkana) во продукција на телевизија, Al Jazeera Balkans.
Беа претставени и снимени, убавините и дивината на Корабскиот масив и неговите импресивни врвови. За потребите на документарниот филм целата екипа преноќи на кровот на Македонија. Во очекување на финалното парче од документарниот филм, мала галерија од амбиентот и тоа како изгледа една ноќ на врвот Голем Кораб 2764м.
Фотографија (сите права заштитени), Димитар Попов
skimacedonia















