Лешница #прва есенска тура

Leshnica Shar Planina

Следи го настанот

По повод првиот ден од есента тимот на I love hiking – group Macedonia ви организира еднодневна тура на преубавата Лешница.

Живописна планинарска тура на која се поминува низ неверојатните шарски предели. Прва есенска тура оваа година а со ова годишно време доаѓаат и најубавите бои. Па, затоа прв пат оваа тура ја организираме на есен..

Турата е средна, и ќе биде последна од сериите лесно-средни тури. Сите понатамошни тури што ќе следат, ќе бидат за подигнување на нивото на кондиција.
Тура за сите љубители на природата кои оваа година мрднале малку од дома. Живописноста на Шара, остава без здив!

Тежината на оваа тура е во нејзината должина….24 км во двата правци ( вреди за сите пари ) 11км во правец.

Искачувањето е …. кон Лешница 560 метри ( 20 мин угорница) следува голем одмор и на враќање уште 700 метри искачување. ( константно благо )

Средна вредност на угорнина е од 10% – (што е многу малку )
За поентузијастите и зависниците на висини, брзата група ќе го качи и Плат 2398 метри и ќе се спои на Лешница со останатите.

Програма:
Тргнување од Пошта 2 на Железничка станица – Скопје во 06:00 часот – (без доцнење)
Пристигнување на Попова Шапка.
Делење на 2 групи – Едната ќе се упати кон Плат – другата кон Лешница.
Групата ќе се спои на местото Лешница и од тука, враќање назад по колскиот пат ( кружна тура) .
Поаѓање кон Скопје во 17-18:00 часот.

Цена за настанов е 350 ден…
Плаќање најдоцна до сабота 24 септември 15:00 часот.

Плаќање кај
Алекс ✆ 070-382 751
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808
Попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall и автобуската на кружниот во Ѓорче.

Потребна облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна.
Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

П.С. ДОКОЛКУ ИМА ИНФО ЌЕ БИДЕ ИСТАКНАТ НА ИВЕНТОТ,

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки