Скијачките сојузи и федерации на бившите Ју републики и уште неколку од овие простори планираат подлабока соработка , размена на искуства и издигнување на скијањето на повисоко ниво во целиот регион.
Покрај другите спортови и скијањето низ овие региони добива значајна регионална димензија – Балкан ски. Идеја за поврзување на поранешните Ју републики не е нова, но овие денови е повлечен посериозен потег. Скијачкиот сојуз на Србија беше домаќин на првиот состанок каде присуствуваа преставници од Словенија и БиХ и ги разгледуваа можностите , како скијањето на Балканот заеднички да се подигне на повисоко ниво.
“Идејата произлезе на Копаоник јануари годинава, да се обидеме да размениме искуства со цел да покажеме кој како работи. Сакаме да го покриеме рекреативното и натпреварувачкото скијање. Имаме план да направиме конференција каде сојузите од сите поранешни републики би се вклучиле. Заради вондредната состојба колегите од Македонија не можеа да присуствуваат на овој првичен состанок, а очекуваме да ни се приклучат и сојузите на Црна Гора и Хрватска” изјави Љубомир Павловиќ.
Претседателот на скијачкиот сојуз на Србија, Влада Радојевиќ надополни, “Tргнавме кон реализација на особено добра идеја. Светот оди кон укрупнување, групирање, размена на искуства и знаења и не постои подобар начин од конференции на кои сите би напредувале. Целта на нашиот сојуз е секоја година да одиме ниво погоре, да создадеме добри натпреварувачи по примерот на словенскиот сојуз. Сакаме да прифатиме се и сето тоа со заеднички сили да го направиме и во другите поранешни Ју држави, кои би биле препознатливи во светот. Се надевам дека конференцијата планирана за месец март следната година ќе стане традиционална и дека секоја година ќе практикуваме слични акции во другите земји и да успееме да собереме што поголем број на учесници”.
После Копаоник, следната конференција за скијање на балканот ќе биде оддржана во Словенија. Професорот Радо Пишот изрази задоволство што идејата станува стварност – “Идејата за поврзувањена скијачките федерации, сојузи и школи на балканот станува стварност и мило ми е заради тоа. Веќе утврдивме рамка за понатамошно делување и тоа е прилично едноставно, работиме на што подобро поврзување на стручњаците во скијањето кои работат со младите, тренерите, истражувачи , професори…Целта е да се поддржи и унапреди професијата на ски инструктор и тренери. Со поврзување на теоријата и праксата ќе направиме чекор напред на нашите простори. Ќе работиме многу на терен со еминентни гости од странство. Така да овој конгрес кој го нарековме Балкан ски, целата приказна може да ја поттурне напред. Мило ми е што све почнува на Копаоник, затоа што моите искуства со овој центар се прекрасни.”
Велибор Лазаревиќ, потпретседател на асоцијата на тренери и учители за скијање од БиХ, нагласи дека асоцијата радо ја прифати идејата за Балкан ски.
“Ние земавме активно учество, а Јахорина ќе биде домаќин на третата конференција. Веруваме деќа ќе ги имаме потребните резултати. Целта ни е да размениме знаења и искуства, а секако Словенија отскокнува, но се надевам дека со заедничка соработка ќе го подигнеме нивото и во останатите бивши републики.”
skijanje.com
skimacedonia

