Приказната почнува вака:
Еднаш прочитав како некој Русин качил тег од 75 кг на Елбрус,http://www.pagecrawl.com/…/a-russian-lifter-climbs-summ…/318 и си викам „Види го луд човек, што му требало ова?“. Следната мисла што ми дојде беше: „Русин – силен, цврст, издржлив и уште кој не епитет. Решив да направам еден мал осврт на нас Македонците како народ. Кога ќе погледнете во нашето минатото, ќе видите борбен, храбар народ кој се бори и освојува. Со тек на време, почнуваме да одиме наназад, почнуваат да нѐ делат, да нѐ крадат, да не нѐ признаваат и што уште не… Но, кога ќе погледнете длабоко во себе, можете да видите дека исконското, силното се уште е тука, стои, тлее, се бунтуваме на се, пргави сме и пред се тврдокорни и издржливи.
По повод 2 август (во чест на славното Илинденско востание) решивме да ја покажеме тврдокорноста и издржливоста на нашиот народ, , кои ги имаме во нас. Ние, со тоа што ќе качиме 8 кг тешка лубеница на 4226 м.н.в., ( читај ранец 1,5кг + вода + некој ситници , многу повеќе од 8 кг ) иако ова ни беше прво искуство на толку голема висина, немаше страв во нас. Пеколно тешко. На почетокот се менувавме повеќемина, но на повисоките места го носевме двајца, за на крај еден 26-годишен член сам да го качи до врвот.
Но, ете се качивме и горе. Швајцарци, Италијанци, Германци, Французи, сите со големи воздишки и со апаратите сликаат … е, да! тоа е тој струмичка бостан на Алпи, ладен и меден. Големи пофалби од сите на врвот, за возврат сите добија парче од лубеницата, никој не нѐ одби и сите длабоко ни се поклонија за идејата.
Поентата е следната … од тоа што не имаат смалено, премногу се мразиме еден со друг, таа енергија треба да се пренасочи за некои повисоки цели.
член на I love hiking – group Macedonia









Галерија од повеќе слики овде
Една голема благодарност до сите што помогнаа за оваа авантура да се реализира. Посебно „Благодарам“ оди на сметката на Igor Antovskiза дизајнот, АБВ.мк – деловен именик за организацијата пред настанот, големо „Благодарам“ до една прекрасна личност која донираше средства за ентузијазмот во нас и уште едно големо „Благодарам“ до Триглав Осигурување Македонија кои беа заедно со нас на врвот и целиот пат.
skimacedonia
