Лешница 2016

13475042_leshnica

Следи го настанот

21ви МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ “МАРКО ИЛИЕВСКИ”

П Р О Г Р А М А
За 21ви МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ
„МАРКО ИЛИЕВСКИ“

25.ЈУНИ.2016 година, Сабота

· 17ч пристигнување на учесните во Тетово пред Културниот дом во Тетово и тргнување кон Попова Шапка.
· 18:15ч пристигнување на Попова Шапка по што ќе следи мал одмор а потоа и сместување на учесниците во ПД Смрека
· 19:30 планинарска вечер проследена со вечера.

26.ЈУНИ.2016 година, Недела

· 06:30ч пристигнување на учесниците во Тетово пред Културниот дом во Тетово и тргнување кон Попова Шапка.
· 07:30ч пристигнување на учесниците на Попова Шапка и мал одмор.
· 08ч тргнување на учесниците кон месноста Лешница. Патеката е од: ПД Смрека,над Јелак, Горна и Долна Лешница.
· 11ч пристигнување во Долна Лешница и одмор за сите учесници од 1 час.
· 12ч враќање кон Попова Шапка.
· 16ч пристигнување на Попова Шапка во ПД Смрека каде што по краток одмор ПК Тетекс организира планинарски ручек за сите учесници на маршот како и пригодна свеченост по повод јубилејното одржување на маршот.
· 19ч затворање на манифестацијата и тргнување кон Тетово.

ПК Тетекс како огранизатор на настанот превзема обврска за организација на превоз на сите пријавени учесници од Тетово до Попова Шапка и назад, сместување во ПД Смрека и заеднички планинарски ручек .

ПК Тетекс не превзема обврска ни одговорност за сите учесници кои нема навремено да го пријават своето учество на маршот.

Цена на превозот од Тетово до Попова Шапка и назад ќе изнесува 200 денари додека сместувањето во ПД Смрека изнесува 300 денари.

Плаќањето ќе се врши веднаш пред сместувањето односно транспортот на учесниците, зависно за што се плаќа.

ПК Тететкс го задржува правото на измени на горенаведеното се со цел за подобро организирање на целокупната манифестација.

Земајќи во предвид дека планинрските друштва во својот кодекс го имаат и еколошкиот карактер ве молиме истото да го имате во предвид за време на престојот и движењето на маршот.
Најстрого се забранува фрлање на отпад по должината на маршот како и на самото место на пристигање, Лешница. Се молат одговорните на сите клубови-учесници на маршот да се грижат за однесувањето на своите членови.
Исто така се замолуваат одговорните на клубовите кои што ќе бидат сместени во ПД Смрека да се грижат за дисциплината и однесувањето на своите членови. Во спротивно ПК Тетекс НЕ ОДГОВАРА за последиците!

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки