Драги пријател(к)и и вљубеници во Шара,
Ве покануваме на 35тото традиционално качување- Титов врв 2016.
Програма:
28. мај. 2016 година (Сабота):
19:00- свечено отворање, хотел „Тетекс Арена“
19:30- состанок со водичите на групите
29.мај.2016 година (Недела):
06:30- тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов врв по „Вакуфска патека“
12:00- враќање од врвот кон Попова Шапка
16:00 пристигнување на Попова Шапка
-Цена за сместување: 500 денари
-пријавување до 24 мај (Вторник)
-потребно: опрема за искачување во зимски услови, добра психо- физичка кондиција
-дополнителни информации: секој вторник и четврток во просториите на ПК Љуботен, на телефоните: 071 309 413 и 078 277 321 или преку електронска пошта на: kontakt@pkljuboten.org.mk.
Ве очекуваме,
skimacedonia
