Линк до настанот
I love hiking организира тура, неделно уживање и печење на карпите во Прилеп. Нестабилното време не натера да се симнеме малку од високогорството. Овој викенд на програма е една патека од 14 км со појдовна точка од с.Дупјачани до манастир Трескавец – Златоврв- Маркови Кули – Прилеп. Патеката е во еден правец. Со искачување од 600 метри (малку помалку од Водно) и е препорачлива за сите кои сакаат да пропешачат, да се дружат и да се смеат.
Патеката спаѓа во лесни патеки (ливадарење).
Попатно го посетуваме манастирот Трескавец каде надвор од комплексот си правиме гезме (се е дозволено)
Над манастирот одиме да го фатиме златното јаболко на Златоврв (1422 м.н.в.).
Ги посетуваме античките гробници , камењата со ликови “Allien” – “McDonalds-Burger”..
Одиме на Маркови Кули каде имаме фасцинантен поглед над Прилеп и цело прилепско поле.
Во зависност од екипата можно е задржување на пиво во Прилеп.
Во Скопје 21:30 часот
Цена на целиот аранжман е 500 ден .
Тргнување од Пошта 2 на Железничка Станица Скопје во 06:30 часот.
Пријавување, плаќање и информации најдоцна до 20-0ти мaj.
Хари 077/ 743-599
Дејан 071/ 212-808
Исхрана од ранец ….вода 1,5 литри
Опрема…. Ништо задолжително
Напомена:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
skimacedonia
