По повод 10 години уметност и планини кои инспиративно и емотивно го исполнуваат мојот живот, со големо задоволство Ве поканувам на отварањето на изложбата „Патеписи“, 4 Мај (среда) во 20 часот во галерија Ко-Ра, карши гимназија Јосип Броз Тито.
Изложбата се состои од фотографии, скици и дневници водени во екстремни услови за време на искачувањето на највисоките планински врвови, како и видео презентација од последното искачување на врвот Мера 6476м, со скии, во соработка со Scout Outdoor Shop и Алкалоид Скопје.
skimacedonia
