Ден на планетата Земја 2016

den na planetata zemja ekologija prv do vrv

Во недела на 24 април, ќе го одржиме априлскиот месечен Прв до врв, посветен на Денот на планетата Земја.

Пролетта, убавото време и наближувањето на Прв до врв 2016 се априлската мотивација да се собереме заедно и да се искачиме до врвот на Водно.

Планинарите ќе разменат мислење и ќе одберат најсоодветна патека до врвот, а велосипедистите ќе ги тестираат предлозите за off-road патека која ќе биде дел од натпреварувачката рута на 22 мај.

Стартот е пред ОУ Кочо Рацин во 9 часот.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Месечните искачувања на Водно во организација на Прв до врв имаат за цел да ги поттикнат спортот и рекреацијата во природа и да овозможат заедничка подготовка за главниот настан кој ќе се одржи на 22 мај 2016.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки