На 10 април ПК Македон ја организира својата осма традиционална роденденска акција Кожле-Карабуниште, по повод својот осми роденден. Тоа е првата акција која клубот на имаа направено воопшто и од тогаш секоја година, осум години по ред, традиционално се изведува секоја година. Информации за учество и пријавување во продолжение.

Драги пријатели на ПK Македон, планинари, љубители на природата, полека ја започнуваме сезоната со акции на планина кои ќе бидат достапни за сите кои сакаат со нас да уживаат во природата и убавините на нашата земја, а поубав почеток за такво нешто од РОДЕНДЕН нема 🙂
Оваа година ПК Македон полни 8 годинки, па затоаа имаме за чест и оваа година да ве поканиме на нашиот роденден и секако повторно на заедничко дружење и прошетка од с.Кожле (Скопско) до с. Карабуниште (Велешко) или првата акција изведена одкако овој клуб беше формиран пред 8 години и традиција која исто толку години наназад ја негуваме и прославуваме. За да биде роденденот комплетен ве покануваме со нас на 10 април, недела, во 8 часот на паркингот пред поштата кај нова железничка станица, на еднодневно дружење, прошетка, уживање во природа и секако дување свеќички 🙂
Акцијата Кожле-Карабуниште е лесна, започнува од село Кожле, Скопско, во близина на Катланово сместено во живописна природа над кањонот на реката Пчиња и се одвива по релативно рамен терен без некои поголеми тешкотии низ убави зелени предели покрај реките Пчиња и Вардар. Се пристигнува во село Карабуниште (Велешко) во подножјето на планината Голешница за околу 2 часа и со лесно движење и уживање во природата. По паузата тргнуваме назад кон Кожле покрај самиот влив на реката Пчиња во Вардар до манстирот Богородица кој е изграден во карпа каде правиме подолга пауза за одмор, закуска дружење и дување свеќички 🙂
За сите оние кои не можат да дојдат со свое возило клубот обезбедува превоз со комбиња. Цената за превозот ќе биде 250 ден. Пријавување најдоцна до петок 08 април.
Лица за контакт: Петар 075 322 059; Тони 072 243 939; Дуле 078 310 552

Организаторот ПК Македон го задржува правото за евентулана промена на термиот во случај на нестабилно и лошо време а за сите оние кои ќе решат да дојдат со организиран превоз,
skimacedonia