„Мавровски Меморијал“ 2016

По 53-ти пат ќе се оддржи „Мавровски Меморијал“ 2016, во периодот од 21-23 март на традиционална „Мирна Долина“. Досега се пријавени 62 натпреварувачи од девет држави кои најавуваат квалитетно натпреварување, кое со посебни награди од ФИС ќе го претворат овој меѓународен настан во ранг на Балкански куп во нордиско скијање.
Овој традиционален настан посветен на загинатите градители на хидро системот „Маврово” во далечната 1956 година претставува домашен бренд во светски рамки. Агенцијата за млади и спорт како и секоја година ќе биде финансиски и логистички поддржувач на оваа голема манифестација. Оваа година од буџетот на Република Македонија се издвоени 400.000 денари за Мавровскиот Меморијал. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите вљубеници во зимските спортови и убавините на Маврово да присуствуваат на настанот и со своето присуство да го збогатат овој и онака богата настан – рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.
„Мавровскиот Меморијал“ како и секоја година и оваа ќе изобилува со учесници од целиот Балкан, а оваа година учество ќе земат и репрезентациите на Италија, Франција, Норвешка, Полска и Чешка.Како и во изминативе години генерални спонзори на традиционалниот Мавровски скијачки куп се Агенцијата за Млади и спорт, Општината Маврово – Ростуше и Националниот Парк Маврово.
Главен покровител на овој настан е Претседателот на Собранието на Република Македонија,  Трајко Вељановски.
Овој настан има можност да биде под комплетна супервизија на FIS што овозможува од година во година, „Мавровскиот меморијал“ да претставува едно од најсилените европски скијачки купови во нордиско трчање како и несомнено најдобриот балкански скијачки куп. FIS покрај наградите од организаторите на купот, ќе додели признанија и медали на најуспешните во текот на целата сезона.
mavrovski memorijal bistra mavrovo skimacedonia1

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки