Тура Матка-Водно, нека биде масовна

matka vodno i love hiking

Било што да почнете во животот е тешко, така што и овој најздрав спорт е тежок. Нема нешто што не е тешко кога е прв пат. За сите почетници кои сакаат да видат што претставуваат долгите прошетки по планините што ги правиме, еве ви можност.Настанот, Матка-Водно е најлесната долга тура што може секој да види до кај е со кондицијата. Летото доаѓа, не чекајте.Времето за недела – сонечево.

Должина на турата е 11км со вкупна висинска разлика од 864 метри и се оди во зависност од групата од 4 до 5 часа.
Собирање на екипата е по возната линија на автобусот со број 60. Стартната позиција е Железничка Станица- Скопје – каде стојат приградските автобуси.
Тргнувањето на автобусот со број 60 е во 07:00 часот. Цена на еден билет е 35 денари.
Имате опција од крстот на Водно да се спуштите до средно Водно со жичара- билет 50 денари.
Од средно Водно со автобус до Железничка станица – Скопје за 35 денари.
Недела е бесплатно паркирањето на возила околу Железничката.

ИСХРАНА:
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи ( Вода нема по патот, да се купи има, ама на врв на Водно)

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња. (облекување во слоеви)

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препрекиVodno (4)

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки