Голак, снежен амбиент 13 март

Голак, планина меѓу регионот на Делчевската и Кочанската Котлина. Mасив кој опфаќа 12.800 ha и спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 m), под кој се наоѓа туристичко-рекреативен центар на 1.400 m .Постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено. Постојат услови за алтернативно турно скијање, планински велосипедизам и планинарење.

Во пролет и лето, располага со многу тревки и чаеви кои се берат од месец април па се до октомври како што се жолт и црвен Кантарион,Мајчина Душица,Бела Рада,Ајдучка трева,Бозел,Шипинки,Капини,Диви Јагоди,Подабиче,Нане,Јаглика итн.Се среќаваат голем број на печурки меѓу кои и јадливите Врган,Лисичарка,Буковка,Срндак итн.На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња,зајак,лисица,кафеав орел,понекоја срна како и повеќе видови на глодари.

995388_Golak 13 mart 1934509_Golak 13 mart 10309478_Golak 13 mart 10575368_Golak 13 mart 12829320_Golak 13 mart Golak 13 mart (2) Golak 13 mart

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки