Селекторот на македонската репрезентација Иван Лесевски за спустот во Кицбил

Заради преголеми обврски во натпреварите од алпско скијање и густата агенда на нашиот најдобар репрезентативен тим од алпското скијање Антониот Ристевски и Иван Лесевски селекторот на македонската ски репрезентација и неможноста да бидат дел од Премиера на ‘Streif – One Hell of a Ride’, се обидовме да ги надополниме информациите и искуствата за Кицбил преку изјава.

Иван Лесевски, селекторот на македонската репрезентација во краток разговор ни изјави…“Сме биле неколку пати таму и без претерување може да се каже дека е еден од најубавите ски центри во Европа. Кицбил се наоѓа во срцето на Тирол и се околу него е скијање – вистински скијачки рај. Самото градче е поставено на една висорамнина, која е опкржена со високи планини кои претставуваат бескрајни скијалишта, достапни за скијачи од најразлични категоии. Брдото Ханенкам е оној дел што ние го гледаме на телевизија за време на одржувањето на традиционалниот Светски куп.

Ова е традиционално австриско скијалиште за организација на натпревари, што значи дека патеките се исклучително тешки. За време на светскиот куп на Кицбил се возат дисциплините спуст, супервелеслалом, комбинација и слалом. Единствен македонски натпреварувач кој што настапил на овие натпревари е Дардан Дехари, кој настапи во слаломот на светскиот куп на 22.01.2012 година.

Спустот во Кицбил е секако најтешката и најопасна патека за спуст во светот. Патеката е исклучително долга со доста рамни делови во средината што ги тера натпреварувачите да останат ниско клекнати и што доста ги заморува. И тогаш доаѓа најтешкиот дел, токму кога веќе не се чувствуваат нозете од замор, а тоа значи една голема компресија, косина и скок према целта. Во овој дел брзината на скијачите е често поголема од 150 км/час, која брзина и кога скијачите се одморени може многу тешко да се контролира. Сепак овој настан претставува најпопуларен скијачки натпревар на светот кој што во живо го следат секогаш повеќе од 50000 гледачи, како и неброени телевизиски гледачи – вистински празник на скијањето. Се надевам дека голем број на љубители на скијањето ќе дојдат да го гледаат овој филм на премиерата во Скопје, а секако на сите нив од се срце им пожелувам да им се исполни желбата еден ден во живо да го следат овој натпревар, а секако и да се скијаат по прекрасните патеки на Кицбил.”

Селекторот Иван Лесевски заедно со Антонио Ристевски, заминуваат на 29-ти за Австрија на 3 дена тренинг, а потоа на неколку натпревари во Чешка (Карлов 2 СЛ), Јасна (Словачка СЛ/ГС), Штрбске Плесо (Словачка СЛ/ГС) и Закопане (Полска 2 СЛ). “Антонио е во добра форма и се очекува дека ќе успее да го поправи својот реитинг со намалување на ФИС точките, особено во слалом. Со нас ќе настапи и еден од нашите подмладоци, Виктор Петков, на кого ова ќе му биде прва сезона во ФИС” – изјави Лесевски.

Mavrovo Bistra 06022016 (23)

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки