Ванеса Мае ја избоксува својата правдина во дуелот со ФИС. Денес се огласи и ФИС кои во службена изјава ја признаа својата грешка во која Ванеса Мае беше тужена за манипулација со резултатите од фис трката во Крвавец Словенија, резултати кои и овозможија во последен момент да се пласира на ЗОИ СОЧИ 2014.
Ванеса Мае се жалеше на таа тужба на арбитражниот спортски суд, а истиот суд во јуни 2015 ја потврди нејзината жалбата во процесот против одлуката на светскиот скијачки сојуз. Во службеното соопштение на ФИС се наведува грешката и дека ќе се исплати парична оштета. Ванеса Мае претходно објави дека ако го добие судскиот спот, средствата ќе ги намени во добротворни цели.
skimacedonia
