Streif – One Hell of a Ride – за љубителите на планинскиот филм, адреналинот, борбата, брзините, скијањето…

streif-banner-928x90-new

“Ако се сомневаш во себа дури и малку, спакувај си ги скиите и оди си дома” Max Franc

“Првиот пат кога бев на почетокот во Kitzbühel бев многу исплашен…….Всушност сакав да се повлечам назад од куќичката за старт и да се симнам надолу со гондолата”  Didier Cuche
Streif – One Hell of a Ride е наменет за сите љубители на планинскиот филм, адреналинот, борбата, брзините, скијањето и зимските спортови. Предизвикувачки и инспиративен документарен филм за вистинските животи на ѕвездите од Светскиот куп во Алпско скијање, нивните стории за борба со стравот, болките, страдањата и желбата за победа, патот до врвот…

STREIF_Aksel Lund Svindal_Training_Copyright_Planet Watch001
Aksel Lund Svindal во ментален и психички зен, загревање пред спуст, Kitzbühel

STREIF е добитник на ROMY наградата за најдобар документарен филм во 2015-та година. Финалист и официјална селекција на бројни фестивали за планински и документарен филм. За време на премиерите низ Европа, филмот распродаде безброј проекции, а оваа година започнуваат и премиерите низ Америка. Затоа не ја пропуштајте оваа ексклузивна,несекојдневна и единствена прилика да ја погледнете премиерата на овој возбудлив документарен филм, ексклузивно во Скопје!

Дел од програмата:

Кратки излагања и разговори на теми поврзани со алпското скијање, натпреварувања, тренинзи и сл..

  •  Презентација од Александар Атанасовски Чаве – Алпски скијачки клуб СКАДИ од Скопје
  •  Презентација од Кирил Насков, ски&сноуборд клуб Полар од Скопје

***

Кино Фросина, Младински Културен Центар Скопје, 1 Март, 20 часот

Ограничен број билети по цена од 100 денари веќе можат да се набават на билетарата на МКЦ и преку сервисот на Купи карти за се

Важна напомена: Со цел да излеземе во пресрет на публиката која не успеа до денес да набави карта, цената и утре на денот на премиерата ќе остане 100 денари, наместо 300 денари . Ова е единствена проекција, која ќе биде прикажана само на 1 Март.

Повеќе за филмот овде

Следете го настанот и бидете во тек 

streif one hell of a ride

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки