САБОТА, 16 ЈАНУАРИ 2016 20:23:00
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ПРЕПОРАКА: АМСМ препорачува дека поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Според информации добиени од УХМР денес се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см.
ЗАБРАНА ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА : Забрана за тешки товарни возила е воведeна на планинскиот премин Пресека каде за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опремана, на планискиот премин Ѓавато, на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, К.Паланка граничен премин Деве Баир, крак Маврово – Дебар, крак Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.
ЗАБРАНА ЗА АВТОБУСИ : Забрана за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, за останатите возила задолжителна употреба на зимска опрема.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.
ВНИМАТЕЛНО: Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
skimacedonia