55-ти Мавровски меморијал – Нордиско скијање

28277067_mavrovski memorijalОд денес, 6 до 8 март на патеките на Бистра ќе се одржи традиционалниот 55 ти Мавровски меморијал, со подршка на Агенцијата за млади и спорт, Скијачката Федерација на Македонија, ЕЛЕМ, Националниот парк Маврово и ски центарот Маврово.

„Традицијата продолжува, верувам дека ќе се покажеме како добри домаќини и организатори на овој настан, кој како ФИС натпревар е еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Токму затоа, Агенцијата за млади и спорт, секоја година финансиски и логистички ја поддржува организацијата на овој меѓународен традиционален спортски натпревар“, истакна Дарко Каевски, директор на АМС.

На најдоброто нордиско натпреварување на Балканот учество пријавија околу 70 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Грција, Турција, Луксембург 
На патеката “Мирна Долина” на падинит на Бистра ќе се одржат трки на 5 километри за жени и 10 километри за мажи, како и детски натпревар на 2.5 километри.

Организаторот ги кани сите добронамерници, да бидат дел и да ги бодрат нордијците на овој настан

skijaci mavrovski memorijal

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки