36то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв 2747m.
27 – 28 Мај (сабота – недела) 2017 година – Попова Шапка
Генерален спонзор на настанот е ТТК Банка АД Скопје
Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово по триесет и шести пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и не претставува пред меѓународната јавност.
Настанот е дел од прославата по повод „Денот на Европа“ организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, а овогодинешното мото на искачувањето е: Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно!
Да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина!
Ве покануваме да ни се придружите на овој наш заеднички планинарски настан, кој ќе се одвива според приложената програма.
Дополнителни информации:
• Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација (за дополнителни ионформации Ви стоиме на располагање)
• Обезбедено е ноќевање во:
Хотелските капацитети на Попова Шапка по цена од 600 ден. (10 €)
Планинарски домови на Попова Шапка по цена од 300 ден. (5 €)
Ве молиме, благовремено и најдоцна до 19 Мај 2017 година да го пријавите Вашето учество на долунаведените броеви, за да можеме да го организираме сместувањето во обезбедените сместувачки капацитети.
Напомена:
За учество на настанот потребно е да се платат горенаведените суми (од зависност во кој објект сте сместени) по учесник, во рамките на кој организаторот обезбедува ноќевање и верификација за учество на матично друштво/клуб со доделување на диплома.
При пристигнувањето, пријавувањето на планинарските друштва/клубови и поединци, со поднесување на пријавата и наплатата, ќе се извршува во сместувачките капацитети кај одговорните лица на П.К. „Љуботен“ на 27 Мај – Сабота до 18.00 часот.
Пријавувањето може да го извршите на следниве контакти:
• Бојан Исаевски – моб: +389 (0) 78 755 099
• Габриела Ќириќ – моб: +389 (0) 70 444 106 и
• e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk
ПРОГРАМА
27 Мај 2017 (сабота):
• 12:00 часот – 18:00 часот – пријавување на планинарските друштва/клубови во сместувачките капацитети на Попова Шапка кај одговорните лица на П.К. „Љуботен“ и сместување на пријавените планинари.
• 19:00 часот – свечено отворање на манифестацијата во холот на хотелот „Попова Шапка“ – Попова Шапка.
• 19:30 часот – состанок со водачите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество.
• 20:00 часот – 23:00 часот – планинарско дружење и забава.
28 Мај 2017 (недела):
• 06:30 часот – Поаѓање на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“!
• 11:00 часот – пристигнување на колоната на Титов Врв.
• 12:00 часот – поаѓање на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка.
• 16:00 часот – пристигнување на Попова Шапка, послужување со планинарски чај организиран од „Пријателите на Шара“, испраќање на гостите и затворање на манифестацијата.
Исхраната е сопствена!
За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во зимски услови!
Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција!
Напомена: Планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за непријавените учесници.