12 Врвови outdoor викенд забава

20785744_12 vrvovi outdoor zabava galicnik transverzalec

Следи го настанот

По повод искачувањето на последниот врв за планинарскиот предизвик „12 Врвови“ кој се поклопува со продолжениот празничен викенд за денот на независноста на Република Македонија, ве покануваме на голема забава и завршен настан кој претставува и своевиден спортско-културно музички хепенинг на отворено (out door) на планината Бистра и кој опфаќа богата програма со повеќе спортови и out door активности на отворено, доделување на награди и признанија за успешното завршување на планинарскиот предизвик „12 Врвови“, музичка програма со бендови , кампување и дружење.

ПРОГРАМА (подложи на мали изменувања, се договараат крајните детали, бидете во тек):

ПЕТОК 08.09.

– ИСКАЧУВАЊЕ НА ВРВ 12/12: БРЗОВЕЦ (2082 м.н.в.) по патеката: ТРЕСОНЧЕ-БРЗОВЕЦ-ГАЛИЧНИК (10 часа пешачење, должина 19 км, повеќе информации на настанот: Врв 12/12: Брзовец на Бистра (2082 мнв) ):

– Мала планинарска тура: ТРЕСОНЧЕ – пештера АЛИЛИЦА со можност за продолжување пеш преку СЕЛЦЕ-ЌУРКОВ ДОЛ-ГАЛИЧНИК (по патеката на Западна Македонска Трансверзала – ЗМТ) или по посетата на пештерата Алилица превозот да ве пренесе до Галичник.

– Пристигнување во кампот во месноста Селска Ливада
– ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ – ПРИЗНАНИЦИ, ЗНАЧКИ И ПРИМЕРОЦИ ОД КНИГАТА „МАТЕРИЈАЛИ ПО ИЗУЧУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА“ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ за планинарите кои успешно го исполниле планинарскиот презвик „12 Врвови“ со искачување на сите или одреден број од предвидените врвови.

– КУЛТУРНО-ЗАБАВНА ПРОГРАМА

САБОТА 09.09.

Ден на повеќе спортски активности:

* ПЛАНИНАРЕЊЕ: искачување на МЕДЕНИЦА (2162 м.н.в.) од 3 различни патеки:
1) Од кампот во Селска Ливада кај Галичник (ПД Трансверзалец)
2) Од мост Елен Скок (ПД Бистра – Гостивар) (во подготовка)
3) Од Маврово (можност за еднодневна или дводневна тура со тргнување од Скопје)
*** Повторно („репризно“ и последно) искачување на Врв 12/12: Брзовец на Бистра (2082 мнв) по патека: камп Селска Ливада кај Галичник – Суво Поле – Мал и Голем Брзовец и назад (20 км).

*ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: тура Галичник – Селце – Тресонче – Лазарополе – Соломуница – Тони Вода – Галичник (старт 8:00 h)

*НАТПРЕВАР во тегнење јаже, трка во торби
*Вежбање фитнес/јога (во подготовка)
* Општествено-корисни активности

НЕДЕЛА 10.10.

Планинарско-пешачки поход од кампот на Селска Ливада до Маврово по патеката на Западна Македонска Трансверзала (ЗМТ) по билото на Бистра кај скијачките терени во должина од 11 километри и траење од 4 часа (до автобусите и превозот за враќање) со почеток во 12 часот.

—–

ЦЕНА: 2000 денари.
Превоз на учесниците: Скопје-Тресонче, Галичник (камион со опрема)-Маврово-Скопје и посебен превоз на камп-опрема, секаков вид товар и велосипеди (со доплата) со камион!

Обезбедни оброци: Качамак – вечера во петок, Грав – ручек во сабота, Тестенини (макарони-шпагети) – вечера во сабота, Кроасани – појадок/ужина во недела. Енергетски пијалоци, сокови и води.

Сместување: Кампување со сопствени шатори и големи шатори наПланинарско Друштво Трансверзалец во месноста Селска Ливада над Галичник кај коњичкиот клуб „Бистра“. Можност за хотелско сместување во:
Гостилница “БАБА И ДЕДЕ” – Галичник: 800 денари за ноќевање + традиционален појадок: галичка пита, бакардан, омлет (по избор) – 070 370 843 Марко
Хотел Неда Галичник: 900 денари за ноќевање + традиционален појадок: галичка пита, бакардан, омлет (по избор) – 077 864 050

Пријавување и набавка на карти за превоз : најдоцна до 06.09.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки