Трчаме за децата со даунов синдром – хуманитарна трка

Со задоволство ве покануваме да учествувате на 1км хуманитарна трка, која ќе се одржи на 27 Март 2016год во Градски парк кај школка.Трката се одржува по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.Со ваше учество на овој хуманитарен настан,ќе помогнете да се обезбедат средства за едногодишно спортување на овие дечиња.Котизацијата за учество на трката е 150 денари,а пријавувањето е на www.smartrace.club
За најсреќните учесниците на трката обезбедени се награди.
Инаку на настанот ќе му предходи загревање кое ќе го води фитнес инструктор.Долж патеката ќе има наши волонтери и две водени станици. А,после доделување на наградите ќе може да пробаме мечување,фудбал или кошарка.DJ ќе се грижи за одлично расположение за време на целиот настан.
Дојдете и имајте еден поинаков ден,кој верувајте долго ќе го памтите.

12513909_852922498163347_563059785032152418_o

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки