Додека кај нас се радуваме на една инсталирана бандера на секои 20 години, во регионот и низ светот ски операциите за развој на туризмот и зимските понуди не мируваат. Така, американскиот гигант Vail Resorts кој стопанисува дванаесетина ски центри низ САД , Канада и Австралија, објави дека ќе го купи и ќе се спои со канадскиот Whistler Blackcomb Holdings кој оперира во зоната на Британска Колумбија. Сумата која Vail Resorts е спремен да ја плати за во ова стратешко спојување е близу 1.4 милијарди долари, објави Блумберг.
“Ова партнерство ќе донесе ресурси за подршка на нашите тековни операции и амбициозните планови за развој, кои вклучуваат возбудливи проекти, кои ќе го трансформираат Whistler Blackcomb” изјави извршниот директор на овој центар.