Софија Гоџија е новиот амбасадор на ФИС Светски шампионат во скијање за 2021 година. Кралицата на Доломитите, ќе биде протагонист на Светското првенство 2021 година кое се одржува во Cortina d’Ampezzo, Италија.
На патеките на италијанската Cortina, Софија беше двапати втора во 2017 година и 2018 година, а победи на една од двете трки во спуст во историскиот дуел со нејзината пријателка / ривалка Линдзи Вон. Таа победа во Cortina го отвори патот до олимпискиот златен медал што го освои само неколку дена подоцна во Пјонг Канг.
“Голема е честа да бидам амбасадор на Cortina d’Ampezzo 2021, вели Софија Гогија. Olimpia delle Tofane отсекогаш ми била омилената патека каде постигнав одлични резултати во изминатите сезони. Cortina нуди уникатна атмосфера, кога ги земате ски лифтовите, изненадени сте од убавината на областа. Од техничка гледна точка, по мое тоа е најубавиот период од сезоната на Светскиот куп, затоа што и падините за тренинг и патеките на трките се во совршени услови и затоа што тука се на прво место потребите на спортистите. Му благодарам на Fondazione Cortina за оваа одлична можност, работам напорно за да бидам во добра форма за Светското првенство. Cortina секогаш ќе има посебно место во моето срце“.