Викендов се одржа второто издание на Шарпланински Скајрејс во должина од 33км и 2600д+., оваа година со обратен старт од Старо Село, преку Љуботен, Ливадички врв и Пирибег со финиш во Штрпце
После минатогодишното прво место во машка конкуренција на Марјан Бонев, оваа година прво место во женска конкуренција, победи македонската натпреварувачка, Мери Мирческа од клубот ТРЕКС со време 5 часа и 15мин. Одлични резултати постигнаа и останатите членови од ТРЕКС Александар Стојкоски 4-то место 4:50, 10. Igor Josifov 5:32, 29. Igor Pirkovski 6:26, 31. Kire Dimoski 6:26, Tanja Peneva 7:30, Nikola Cicoski 7:30, Borce Miloskovski
Во машка конкуренција прв беше Кристијан Стошиќ кој заврши со време од 4:15 , втор Душан Базиќ, трет Никола Илиќ. Веднаш зад третопласираниот следеа нашите натпреварувачи Александар Стојкоски, Александар Кирковски и Филип Туманоски на четврто, пето и шесто место.

