ПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ организира Мартовско искачување на Титов Врв и/или Плат на 20 Март 2016 год.
Акција 1 – Искачување на Титов Врв уште познат како Голем Турчин или Шар, највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија со височина од 2.747 метри.
Маршрутата на искачување започнува од планинарскио дом Смрека и продолжува кон Церипашина (2.531м.), преку врвот Антени/Син врв (2.600 м.) и Бакардан (2.704 м.) се до Титов Врв (2.747м.) во вкупна должина од 11.7 км во еден правец. Пешачењето се одвива по гребен и е во траење од 5 часа во еден правец, или вкупно времетраење во двата правци е околу 9 -10 часа.
Патеката спаѓа во категорија Многу напорна копнена акција.
Акција 2 – Искачување на врвот Плат (2.398м.) Маршрутата на искачување започнува од планинарскио дом Смрека и до врвот Плат се пешачи 3,5 ч за искачување и 3ч за враќање со висинска разлика од 600м.
Патеката спаѓа во категорија Средно напорна копнена акција.
За реализрање на една од наведените акции потребна е пријава на минумум 10 учесника.
Поаѓање во 06:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 400ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Цујо во Ѓ.Петров/
Стартот на акциите започнува од планинарскиот дом Смрека
Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.
Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
Пријавување и уплати најдоцна до 18.03.2016
На тел. 070/641 998