Следи го настанот
Регистрирај се овде
На 19 , 20 и 21 август ќе се случи по втор пат фестивалот на отворено „Крушево низ корија“ кој во своите содржини ќе опфати : кампување со сите придружни содржини (бендови,DJ-и и сл.) планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, тандем летови со параглајдер и сл . Сите овие активности ќе бидат дополнети со дегустација и промоција на крушевски специјалитети, како и организирана посета на културните и природни знаменитости што ги нуди Крушево.
За сите детали..континуирано ќе ве информираме…:)
Ве очекуваме!
ПС. За сите заинтересирани кои саакаат да присуствуваат на настанот , а не милуваат кампување , Хотел Монтана повторно ни нуди многу интересни можности за сместување… 30% промотивен попуст за ноќевање со појадок , само за овој настан….
Ноќевање во еднокреветна соба со доручек: 1.400,00 ден.
Ноќевање во двокреветна соба со доручек: 1.200,00 ден.
Ноќевање во трикреветна соба со доручек: 1.050,00 ден.
Ноќевање во повеќекреветна соба во хостел со доручек: 650,00 ден.
Се работи за дампинг цени заради промоција на настанот.
Секој учесник на фестивалот треба прво уредно да ја пополни апликацијата …кај организаторот ќе добие ваучер со кој ќе може да ги користи сите погодности што ги нуди фестивалот како што се :
место во кампот на Мечкин камен, учество на MTB турите , учество на планинарската тура , летање со параглајдер по повластена цена, дружење во кампот на целодневна журка со DJ и вечерната журка со бенд во кампот…сувенир маичка и марама (по скопски бандана 🙂 ) со логото на фестивалот…освежување и мезе со производите на Витаминка…освежување со пијалоци и овошје на пунктовите…и други изненадувања… и тоа не е се 🙂 ..следува и ручек во Хотел Монтана… сето ова ќе ве чини 400 денари..повелете пријавете се…пријавувањето започна 🙂
Велосипедската тура ќе се вози на 21.08.2016г(недела) на две патеки :
1.Рекреативна тура низ Крушевските знаменитости
Старт 10:15 ч. Мечкин Камен
https://www.strava.com/
2. Офроуд тура низ Крушевската корија
Старт 10 ч. Мечкин Камен
http://www.strava.com/
Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота , 20.08.16 , од 14.00ч – 19.30ч и недела , 21.08.16 , од 10.00ч – 19.30ч . Сите љубители на летањето со параглајдер треба да си подигнат ваучер од кај организаторот….промотивн
Планинарската тура ќе се одвива по следнава рута : Мечкин камен – Станич – Кипрово – Слива – споменикот Македониум – Хотел Монтана.
…можеме да ја окарактеризраме како средно тешка тура со должина од 21км..GPS податоци за турата ќе бидат поставрени деновиве….истата ќе се реализира на 21.08.2016 (недела) со старт во 10.00ч
– Организаторот го задржува правото на корекции за одреден дел од патеките.
– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.
– За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.
– Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека.
Регистрирај се овде