Информации за снег – Во функција и дел од лифтовите на Попова Шапка

Кратка информација, 19.01.2017

Оперативни се сите ски центри, патиштата се проодни, но движење e во отежнати услови, задолжителна употреба на зимска опрема.

Од денес на Попова Шапка се во фунцкија неколку лифтови, Аеродром, Св. Илија и Ајдучка рамнина (Ге), до 20 см нов снег на ски патеките, патот е прооден.

На Пелистер на располагање над 50 см нов снег, функционираат двата ски центри Копанки и Нижо Поле. Ноќното скијање во ски центар Нижо Поле ќе се одвива од четврток до недела од 18 до 21 часот, освен во случаи кога временските услови не го дозволуваат тоа. Следете во живо овде

Во Маврово се во функција повеќето ски лифтови, пристапот до центарот е отежнат, препорачано рано доаѓање за да се избегнат гужви.

Функционираат и ски лифтовите во Крушево и на Пониква.

16105780_kopanki
19.01.17 патот кон ски центар Копанки, се очекува до пладне да биде чист, за викендот слободен
nizo pole
Ски центар Нижополе, Пелистер

 

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки