Ако планинарите по Бистра, на располагање и Галичка свадба

Советот на Месната заедница Галичник, за 42. издание на атрактивната културолошка и туристичка манифестација „Галичка свадба – 2015“, ги избра Билјана Гегоска, со длабоки корени од Галичник и Филип Белчев од Скопје.

Овој викенд на 11-12 јули , во попладневните часови, од Укален ќе одекне екот на зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на вековната традиционална Петровденска галичка свадба. Вечерта, автентично пред куќата на младоженецот и пред куќата на невестата и низ Галичник, автентично ќе бидат изведени десетина свадбарски обичаи, ќе бидат испеани и многу свадбарски и обичајни песни. Следниот ден, на Петровден, младите ќе се венчаат во импозантниот храм „Свети Петар и Павле“, каде што пред Бога ќе си ветат долговечен, верен, заеднички живот исполнет со многу дечиња.

Кандидатите за годинешна невеста и зет на „Галичката свадба“ , Билјана Гегоска и Филип Белчев, во апликацијата на конкурсот што го имаше распишано Советот на Месната заедница, својата желба за да бидат избрани ја образложија со следните податоци:„ Галичник, Мајовци, црквата „Св. Петар и Павле“ од клепан камен и местоположбата која се издигнува среде Галичник и му дава посебен белег: бајракот и горското цвеќе со кој е накитен, коњаници, петлици, факли, чешма упија, „Тешкото“, „Невестинското“… , не се само зборови кои се зборуваат кога се споменува манифестацијата „Галичка свадба“, туку се длабоко врежани во нашите души и со нив живееме. И ние сме оние што ја продолжуваат традицијата како фамилија со галичко потекло, со корен од Геговци, Крсте, Ѓорѓи, Крсте….

За нас „Галичката свадба“ не е манифестација, туку е овековечување на нашата љубов, како што и учеството наше и на нашите фамилии, нема да биде улога, туку ќе претставува чекорење по стапките на нашите предци“.

galicka svadba10 bistra galicnik
Galicnik Bistra (2)

Galicnik Bistra

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки